ТРАМП ЗА ПРВАТА ГОДИНА ОД ВТОРИОТ МАНДАТ – Ако се обидат со атентат наредив целосно уништување

Притоа, американскиот претседател ја презентира новата стратегија за 2026 година

ТРАМП ЗА ПРВАТА ГОДИНА ОД ВТОРИОТ МАНДАТ – Ако се обидат со атентат наредив целосно уништување
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени првата година од својот втор мандат во обширно интервју за News Nation, пред своето учество на Светскиот економски форум во Давос.

Во разговорот со водителката Кејти Павлич, на годишнината од инаугурацијата, Трамп зборуваше за економската политика, имиграцијата, намалувањето на бројот на федерални вработени и интересот за купување на Гренланд, нагласувајќи дека сега се чувствува „повеќе како ловец, отколку плен“.

Трамп изјави дека неговата администрација отпуштила „стотици илјади федерални службеници“ со цел да се пренасочи економијата од владини субвенции кон раст на приватниот сектор. Тој оцени дека владините работни места не придонесуваат за неговата агенда „Да ја направиме Америка повторно голема“.

„Мразам да отпуштам луѓе, но тие сега заработуваат два или три пати повеќе во приватниот сектор“, рече Трамп.

Претседателот, исто така, ја критикуваше реакцијата на демократите за време на обраќањето за состојбата на нацијата, посочувајќи дека тие не ги признавале семејствата на жртвите на злосторствата.

Трамп го коментираше протестите против Службата за имиграција и царина (ICE) во Минеаполис, обвинувајќи „професионални, платени луѓе“ за нивното организирање, а не локалните жители. Тој ја критикуваше и конгресменката Илхан Омар, нарекувајќи ја „ужасна“ поради нејзините предавања на Американците за уставните права.

Претседателот изјави дека е загрижен за „најмалку 19 милијарди долари украдени пари“ поврзани со измами со помош за време на пандемијата, особено во Калифорнија и други држави.

Трамп потенцира дека, иако сè уште не е подготвен да го активира Законот за бунт во Минесота, нема проблем да го стори тоа ако федералните службеници се соочат со понатамошни опструкции.

Трамп го бранеше својот интерес за купување на Гренланд, нарекувајќи го прашање на национална безбедност поради стратешката локација на територијата во однос на Русија и Кина. Тој ја поврза оваа идеја со својот план за систем за ракетна одбрана, наречен „Златна купола“, опишувајќи го како оживување на визијата на поранешниот претседател Роналд Реган.

„Ја градиме „Златната купола“; имањето на Гренланд ја прави многу поефикасна“, рече Трамп.

Претседателот упати остри предупредувања до Иран, изјавувајќи дека во случај на обид за атентат, тој дал наредба за целосна одмазда.

„Дадов многу јасни инструкции. Ако се случи нешто, тие ќе бидат избришани од лицето на земјата“, рече Трамп.

Тој го критикуваше и претседателот Џо Бајден дека не одговорил доволно силно на заканите од Иран за време на својот мандат.

CATEGORIES
TAGS
Share This