ТРАМП УПАТИ ПОВИК ДО КИНА ДА ИСПРАТИ БРОДОВИ ВО ОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ Кина порача дека сите страни треба веднаш да прекинат со воените дејствија
Портпаролот Лин Џиан порача дека сите страни треба веднаш да ги прекинат воените дејствија и да спречат понатамошна ескалација, предупредувајќи дека конфликтот може да има сериозни последици врз глобалната економија.

Министерство за надворешни работи на Кина изрази загриженост за напнатата ситуација во Ормутски Теснец по повикот на Доналд Трамп Пекинг да испрати бродови за обезбедување на клучниот воден пат.
Портпаролот Лин Џиан порача дека сите страни треба веднаш да ги прекинат воените дејствија и да спречат понатамошна ескалација, предупредувајќи дека конфликтот може да има сериозни последици врз глобалната економија.
Трамп претходно изјави дека размислува да го одложи самитот со Си Џинпинг, нагласувајќи дека Кина има интерес да помогне бидејќи околу 90% од нејзиниот увоз на нафта минува низ Ормутскиот теснец.
Американскиот претседател повика и други земји, меѓу кои Франција, Јапонија, Јужна Кореја и Обединетото Кралство, да испратат поморски сили за обезбедување на пловидбата низ теснецот.


