ТРАМП ТВРДИ Иран бара договор по американските напади – очajно сакаат да преговараат

Американскиот претседател откри дека Техеран стапил во контакт со Вашингтон по нападите врз повеќе од 90 ирански воени цели, а патем го смени и претседателскиот авион при враќањето во САД.

ТРАМП ТВРДИ Иран бара договор по американските напади – очajно сакаат да преговараат
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранското раководство стапило во контакт со САД и побарало отворање на патот кон договор, само неколку часа по новите американски воздушни напади врз ирански воени цели.

„Се јавија пред некое време. Толку очајно сакаат да постигнат договор“, им изјави Трамп на новинарите во авионот Air Force One, додека се враќаше во САД од самитот на НАТО во Анкара, пренесува Sky News.

Изјавата доаѓа откако американската војска соопшти дека извела напади врз повеќе од 90 ирански воени цели. Според Трамп, акцијата претставувала „одмазда“ за претходните случувања.

На враќање од Турција, американскиот претседател направи кратко застанување во воздухопловната база RAF Mildenhall во англиската покраина Сафолк, каде што се префрли во друг претседателски авион Air Force One. Станува збор за авионот кој, според претходните информации, бил подарок од Катар.

Трамп претходно ги демантираше тврдењата дека користењето на постариот претседателски авион при заминувањето од Турција било поврзано со безбедносни закани.

Запрашан дали постојат сериозни закани насочени кон него, американскиот претседател одговори дека тоа е нешто со кое живее постојано.

„Тие постојано ми се закануваат. Јас сум број еден на нивната листа“, изјави Трамп.

CATEGORIES
Share This