ТРАМП СО ЈАВНИ ПОФАЛБИ ЗА МЕЛОНИ Ќе ризикувам, таа е убава млада жена

Восхитот кон италијанската лидерка Трамп го покажа и на меѓународната конференција за Газа во Шарм ел Шеик.

ТРАМП СО ЈАВНИ ПОФАЛБИ ЗА МЕЛОНИ Ќе ризикувам, таа е убава млада жена
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп упати комплименти кон италијанската премиерка Џорџија Мелони, опишувајќи ја како „инспирација за сите“ и „прекрасна млада жена“.

На својата социјална мрежа Truth Social, Трамп објави порака во која ја пофали новата книга на Мелони, штотуку преведена на англиски јазик:

„Џорџија Мелони, ГОЛЕМИОТ премиер на Италија, работи неверојатна работа за прекрасниот народ на Италија. Таа е инспирација за сите“, напиша тој, додавајќи повик: „Земете го вашиот примерок денес“.

Восхитот кон италијанската лидерка Трамп го покажа и на меѓународната конференција за Газа во Шарм ел Шеик.

„Не ми е дозволено да го кажам тоа, бидејќи таквите зборови обично ја чинат кариерата, но ќе ризикувам – таа е убава млада жена“, изјави американскиот претседател пред присутните, барајќи ја Мелони во салата.

CATEGORIES
TAGS
Share This