ТРАМП ШОКИРА – Иран ми понуди да бидам врховен лидер, а јас реков не

Претседателот Трамп тврди дека никогаш не видел лидер кој толку малку ја сака својата позиција.

ТРАМП ШОКИРА – Иран ми понуди да бидам врховен лидер, а јас реков не
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран всушност сака да постигне договор со САД, но не може отворено да го покаже тоа поради страв од реакцијата на својот народ и на американската страна.

Трамп додаде дека никогаш не видел лидер на земја кој толку малку ја сака својата позиција, алудирајќи на иранскиот врховен лидер.

„Тие преговараат и навистина сакаат договор, но се плашат да го признаат тоа бидејќи мислат дека нивниот народ би реагирал насилно. Исто така, се плашат дека ние би реагирале со сила“, рече тој.

Во својот препознатлив стил, Трамп дури се пошегува дека иранските лидери му нуделе да стане врховен лидер на Иран, на што тој одбил:

„Не го сакам тоа. Ги слушаме многу јасно и тие велат: Би сакале вие да бидете следниот врховен лидер’. Не, ви благодарам, не го сакам тоа.“

Неговите коментари доаѓаат во период на зголемени шпекулации за можно приближување кон договор меѓу Вашингтон и Техеран. Додека Трамп тврди дека има напредок, иранската страна јавно отфрла какви било преговори.

И ова не е првпат Трамп да дава вакви необични и шеговити изјави. На пример, минатата година, кога беше прашан кој би требало да биде новиот папа по смртта на папата Франциск, тој се пошегува дека би сакал тој да биде папа и дека тоа би бил негов „прв избор“.

CATEGORIES
TAGS
Share This