ТРАМП ПРЕД АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ – Медведев е глупав човек кој работи за Путин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги препукувањата меѓу Трамп и Медведев, изјави дека американските нуклеарни подморници и онака секогаш се во состојба на борбена готовност, без оглед на тоа што велат политичарите.

ТРАМП ПРЕД АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ – Медведев е глупав човек кој работи за Путин
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, во обраќање пред високата команда на вооружените сили на САД, жестоко го нападна заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, нарекувајќи го „глупава личност“, пренесуваат белоруски медиуми.

„Русија не така одамна ни се закани. Јас тогаш испратив нуклеарни подморници – најсмртоносното оружје некогаш создадено на руските брегови. Го направив тоа затоа што тој го спомена зборот „нуклеарно“. Тој збор го изговори глупава личност која работи за Путин. Испратив една или две подморници, чисто како мерка на претпазливост. Не смееме да дозволиме луѓето така лесно да си играат со тој збор – изјави Трамп, цитира белорускиот портал Зеркало.

Тој додаде дека САД се „25 години пред Русија и Кина“ кога станува збор за технологијата на подморници.

На почетокот на август, Трамп соопшти дека, поради „екстремно провокативните изјави“ на Медведев за нуклеарните прашања, издал наредба за распоредување на две нуклеарни подморници „во соодветни зони, доколку тие глупави и опасни изјави се претворат во нешто повеќе“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги препукувањата меѓу Трамп и Медведев, изјави дека американските нуклеарни подморници и онака секогаш се во состојба на борбена готовност, без оглед на тоа што велат политичарите.

CATEGORIES
TAGS
Share This