ТРАМП ПОВЛЕЧЕ ПОТЕГ ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ Спречено затворање на американската влада пред изборите

Со потписот на законот федералните агенции ќе продолжат да функционираат и по 1 октомври, додека Конгресот не постигне договор за целогодишното финансирање.

ТРАМП ПОВЛЕЧЕ ПОТЕГ ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ Спречено затворање на американската влада пред изборите
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша законот за привремено финансирање на федералната влада, со што е избегнато нејзино затворање пред ноемвриските среднорочни избори, соопшти Белата куќа.

Претставничкиот дом претходно усвои продолжување на финансирањето до 11 декември, откако Сенатот ја одобри мерката на 8 август, пренесува „Ројтерс“.

Со законот се обезбедува непречено функционирање на федералните агенции и по 1 октомври, кога започнува новата фискална година.

Привременото финансирање беше неопходно бидејќи Конгресот сè уште не постигна договор за ниту еден од 12-те закони со кои се обезбедуваат средства за владините програми во текот на целата фискална 2027 година, која завршува на 30 септември 2027 година.

Од почетокот на вториот мандат на Трамп, несогласувањата меѓу републиканците, кои имаат мнозинство во Конгресот, и демократското малцинство во Претставничкиот дом и Сенатот доведоа до три делумни прекини на работата на владата, кои вкупно траеле 161 ден.

Ноемвриските среднорочни избори во САД се одржуваат на половина од претседателскиот мандат. На нив се избираат членови на Конгресот, гувернери и локални функционери, а резултатите се од особено значење за тоа која партија ќе ја контролира законодавната власт.

CATEGORIES
TAGS
Share This