ТРАМП ПОТПИША НАРЕДБА ЗА ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА НА МАРИХУАНАТА ВО „ПОМАЛКУ ОПАСНА ДРОГА“ Целта е олеснување на медицинските истражувања без целосна легализација
Наредбата не ја легализира марихуаната на федерално ниво, ниту пак влијае на рекреативната употреба или системот на кривична правда.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се прекласифицира како помалку опасна дрога, со цел да се олеснат медицинските истражувања, без целосна легализација.
Марихуаната од прва е преместена во трета категорија на дроги, заедно со анаболни стероиди и кетамин. Трамп изјави дека потегот ќе овозможи подобро проучување на нејзините медицински придобивки и потенцијални ризици.
Наредбата не ја легализира марихуаната на федерално ниво, ниту пак влијае на рекреативната употреба или системот на кривична правда.
CATEGORIES Свет


