ТРАМП ОТКРИ – Се ближи историски договор со Иран, или следи војна

Сојузниците на САД на Блискиот Исток барале време за дипломатско решение.

ТРАМП ОТКРИ – Се ближи историски договор со Иран, или следи војна
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „многу добри шанси“ САД да постигнат договор со Иран, чија цел е да се спречи Техеран да развива нуклеарно оружје.

Изјавата доаѓа неколку часа по неговата порака дека се одложува планираниот воен напад врз Иран, со цел да се даде дополнителен простор за продолжување на преговорите, пренесува Ројтерс.

Трамп посочи дека неколку клучни американски сојузници на Блискиот Исток побарале одложување на нападот, за да се овозможи дипломатски процес со Техеран.

Тој истовремено предупреди дека САД остануваат подготвени за воена акција од поголеми размери доколку не се постигне договор.

„Се чини дека има многу добри шанси да се договори нешто. Ако можеме да го направиме тоа без бомбардирање, би бил многу среќен“, изјави Трамп пред новинарите.

CATEGORIES
TAGS
Share This