ТРАМП НЕ ЗАПИРА – САД со нов жесток напад врз Иран, пет часа траела операцијата

CENTCOM откри дека биле погодени ракетни системи, беспилотни летала и поморски капацитети на Техеран.

ТРАМП НЕ ЗАПИРА – САД со нов жесток напад врз Иран, пет часа траела операцијата
Фото: Принтскрин

Централната команда на вооружените сили на Соединетите Американски Држави (CENTCOM) соопшти дека завршила нов бран напади врз воени цели во Иран.

Според американската војска, петчасовната операција била насочена кон повеќе локации, меѓу кои Бушер, Чах Бахар, Јаск, Конарак, Абу Муса и Бандар Абас. Целта на нападите, како што наведува CENTCOM, била дополнително да се намалат способностите на Иран за напади врз комерцијалниот поморски сообраќај.

Во операцијата биле употребени прецизно наведувани ракети и муниција, а биле таргетирани крајбрежни одбранбени системи, ракетни и беспилотни капацитети, како и делови од иранската поморска инфраструктура.

Американската команда информира дека повеќе од 50.000 американски војници во моментов се распоредени низ регионот на Блискиот Исток.

Претходно, CENTCOM објави дека во 22:45 часот по средноевропско време започнал трет последователен ноќен бран воздушни напади врз Иран, извршен по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп, пак, официјално го известил американскиот Конгрес дека повторно се активирани непријателствата меѓу Вашингтон и Техеран. Според „Политико“, во писмото испратено до законодавците тој навел дека американските сили на 7 јули извршиле напади врз цели во Иран, повикувајќи се на својата обврска да ги заштити американските граѓани и интереси.

Од тогаш, САД спроведоа неколку бранови воздушни удари врз ирански позиции.

Од CENTCOM наведуваат дека операциите се одговор на претходните ирански напади врз комерцијален брод во Ормутскиот Теснец.

CATEGORIES
TAGS
Share This