ТРАМП НАПРАВИ ИСТОРИСКА ПРОМЕНА – Родригез доби зелено светло за соработка на Венецуела со Америка

Америка и Венецуела повторно рака под рака откако Родригез ги промени правилата на играта.

ТРАМП НАПРАВИ ИСТОРИСКА ПРОМЕНА – Родригез доби зелено светло за соработка на Венецуела со Америка
Фото: Принтскрин

Министерството за финансии на САД објави дека санкциите против вршителката на должноста претседател на Венецуела, Делсеа Родригез, се укинати, помалку од три месеци откако американските сили го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воспостави соработка со привремената влада на Венецуела, предводена од поранешниот сојузник на Мадуро, Делсеа Родригез, пренесе Ројтерс.

Како дел од оваа соработка, беше постигнат договор за продажба на венецуелска нафта на САД, а Родригез доби ослободување од санкции со цел да се поттикнат американските инвестиции.

Николас Мадуро и неговата сопруга, Селија Флорес, се наоѓаат на суд во Њујорк по обвинение за трговија со дрога, по неговото заробување од американските сили на 3 јануари.

Венецуелската влада минатата недела објави повторно отворање на своите дипломатски мисии во САД, како дел од процесот на обновување на билатералните односи со Вашингтон.

Заменик-министерот за надворешни работи на Венецуела за Европа и Северна Америка, Оливие Бланко, истакна дека Каракас е посветен на „промовирање на односите засновани на меѓусебно почитување и соработка за просперитет на двете земји“.

Дипломатските односи меѓу двете земји, прекинати во 2019 година, почнаа да се нормализираат по неодамна постигнатиот договор, кој предвидува повторно отворање и работа на амбасадите и конзуларните претставништва во Каракас и Вашингтон.

CATEGORIES
TAGS
Share This