ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ПУТИН Владимире ова ти е последна шанса за мир во Украина

Трамп истакна дека би сакал втората средба да се одржи веднаш и во неа би учествувале и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и рускиот лидер, Владимир Путин.

ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ПУТИН Владимире ова ти е последна шанса за мир во Украина
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Русија ќе се соочи со „многу сериозни последици“ доколку на претстојниот самит во Алјаска не се постигне договор за завршување на војната во Украина.

„Ако Путин не се согласи да ја запре војната по нашиот состанок во петок, ќе следат сериозни мерки,“ изјави Трамп на прес-конференција, нагласувајќи дека постои голема веројатност за втор состанок за Украина веднаш по првиот, но само ако тој биде успешен.

Трамп истакна дека би сакал втората средба да се одржи веднаш и во неа би учествувале и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и рускиот лидер, Владимир Путин. Сепак, тој призна дека поканата за Зеленски на самитот во Алјаска не била разгледувана.

„Ако не ги добијам одговорите што ми се потребни, нема да има следна средба,“ порача Трамп, додавајќи дека Европа внимателно ја следи ситуацијата, а Киев се соочува со тешки одлуки.

CATEGORIES
TAGS
Share This