ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ОМАН СО НАПАД, ТИЕ МУ ПОРАЧАА Не го сфаќаме сериозно
Зад ескалацијата се кријат разговорите на Мускат со Техеран за бродските правци низ Ормускиот теснец.

Оманските власти не ги сфаќаат сериозно неодамнешните закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД би можеле да го нападнат султанатот поради неговите контакти со Иран, објави порталот „Ал-Монитор“, повикувајќи се на сегашни и поранешни омански функционери.
„Збунети сме од обидот на Трамп да најде жртвено јагне за неуспехот на војната. Искрено, не го сфаќаме сериозно“, изјавил информиран извор од Мускат.
Според „Ал-Монитор“, незадоволството во Вашингтон е поврзано со разговорите меѓу Мускат и Техеран за бродскиот сообраќај низ Хормускиот теснец.
Во САД постои загриженост дека договорениот принцип на „реципроцитет“ меѓу Оман и Иран би можел да вклучува воведување транзитни такси. Оманските власти, сепак, ги отфрлаат таквите наводи.
И покрај тоа што Мускат редовно ја информирал американската администрација за текот на разговорите, американскиот министер за финансии Скот Бесант, според порталот, му се заканил на Оман со санкции поради соработката со Иран.
„Ал-Монитор“ наведува дека оманските дипломати постепено се навикнуваат на американските закани. Односите меѓу двете земји дополнително се влошиле откако оманскиот министер за надворешни работи Фар ал-Бусаиди ги повикал САД да придонесат за решавање на кризата, а потоа го обвинил Вашингтон дека ја губи контролата врз својата надворешна политика.
Во понеделникот, Трамп, одговарајќи на прашање за разговорите меѓу Мускат и Техеран околу контролата врз Хормускиот теснец, изјави дека САД би го нападнале Оман доколку земјата „застане на патот“.
ПЕЗЕШКИЈАН МУ ПОРАЧА НА ТРАМП Целиот свет ја признава нашата победа, Иран бара крај на војната

