ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН СО ЖЕСТОК ВОЕН ОДГОВОР Ако ме ликвидирате, илјадници ракети се подготвени

Вашингтон испрати ново предупредување до Техеран – Трамп најави одговор со огромна сила.

ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН СО ЖЕСТОК ВОЕН ОДГОВОР Ако ме ликвидирате, илјадници ракети се подготвени
Фото: Принтскрин

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, упати остра закана кон Иран, предупредувајќи дека Вашингтон ќе одговори со огромна воена сила доколку Техеран се обиде да го нападне или убие.

„Илјада ракети се наполнети и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници ќе следат веднаш доколку иранската влада ја исполни својата закана да го убие или да се обиде да го убие актуелниот претседател на САД“, напиша Трамп на платформата „Truth Social“.

Американскиот претседател додаде дека се издадени неопходни наредби и дека американската армија е подготвена за одговор што, според него, би ги погодил иранските цели со максимална сила.

„Ќе ги десеткуваме и уништиме сите области на Иран“, порача Трамп, без дополнителни детали за можните воени чекори.

Заканите следуваат откако Трамп претходно изјави дека оставил инструкции за реакција доколку Иран спроведе планови за негова ликвидација. Во интервју за „Њујорк пост“, тој рече дека долго време е цел на закани од Техеран и предупреди дека одговорот на САД би бил „нешто што Иран никогаш досега не го видел“.

CATEGORIES
Share This