ТРАМП И АКЦИЈАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА Конгресмени бараат импичмент за Трамп

Делејни тврди дека претседателот ја надминал својата улога без овластување од Конгресот

ТРАМП И АКЦИЈАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА Конгресмени бараат импичмент за Трамп
Фото: Архива

Членот на американскиот Конгрес, Ејприл Меклејн Делејни (демократ од Мериленд), ги повика партиските лидери да разгледаат можноста за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Причината е спроведена воена акција во Венецуела, која според неа била извршена без одобрение од Конгресот.

Делејни истакна дека претседателот „дејствувал без овластување на Конгресот, како што е пропишано со Уставот на САД“, додавајќи дека Трамп ја објавил својата намера да „владее“ со Венецуела по киднапирањето на претседателот Николас Мадуро.

„Не можам да стојам настрана додека претседателот повторно ги пречекорува своите овластувања и го поткопува системот на контрола и рамнотежа“, рече Делејни.

Уште нагласува дека е потребно итно разгледување на постапка за импичмент за заштита на уставниот поредок и улогата на законодавното тело.

Од своја страна, администрацијата на Трамп соопшти дека операцијата за апсење на Мадуро била спроведена како извршна наредба, користејќи ги овластувањата на претседателот како врховен командант. Демократите, пак, го критикуваа Белата куќа поради недостаток на претходни информации и одобрение од Конгресот.

Според извештаите, во саботата во раните утрински часови, американските сили го киднапирале венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес во Каракас, по што биле пренесени во Њујорк за судење по обвинение за трговија со дрога.

CATEGORIES
TAGS
Share This