ТРАМП ЈА ОВЛАСТИ ЦИА ЗА ТАЈНИ ОПЕРАЦИИ ВО ВЕНЕЦУЛЕНА – Не откри дали Мадуро е цел на ликвидација
Според Каракас, целта на акциите на САД е „легитимизација на операција за промена на режимот во Венецуела“, со краен стремеж кон контролирање на нафтените ресурси на земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ја овластил CIA да спроведува тајни операции во Венецуела. Според изјавата на Трамп, причината е зголеменото изнесување на затвореници од Венецуела, вклучувајќи лица од институции за ментално здравје, како и големото количество наркотика што влегува во САД, главно по морски пат.
Претседателот истакна дека Венецуела чувствува притисок, но одби да каже дали CIA има овластување за ликвидација на претседателот Мадуро.
„Њујорк тајмс“ објави дека Трамп издал директива за тајна операција, повикувајќи се на американски официјални лица запознаени со одлуката.
Владата на Венецуела ја осуди изјавата, оценувајќи ја како кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН.
Според Каракас, целта на акциите на САД е „легитимизација на операција за промена на режимот во Венецуела“, со краен стремеж кон контролирање на нафтените ресурси на земјата.


