ТРАГИЧНА НЕСРЕЌА ВО КИЧЕВО Две малолетнички загинаа во четирицикл

На 21 август 2025 година, во 18:05 часот, во ОВР Кичево е пријавена трагична несреќа на локален пат во селото Колибари. Според информациите, 15-годишна девојка од истото село управувала со четирицикл со кичевски регистарски ознаки, кога изгубила контрола и излетала од коловозот.
На местото на несреќата, за жал, починале не само малолетничката, туку и нејзината сопатничка, исто така малолетна, од селото Грешница. Лекарот кој пристигнал на местото на настанот констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на загинатите се упатени на обдукција.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево, која работи на расветлување на околностите под кои се случила оваа трагедија.
CATEGORIES Македонија


