ТРАГЕДИЈА ВО КАНАДА Убиени српскиот ММА борец и неговата девојка
Страхиња Гавриловиќ имаше забележителна кариера во светот на мешаните боречки вештини (ММА), со вкупно 14 професионални борби - осум победи и шест порази. Последен пат настапи во 2022 година.

Српскиот ММА борец Страхиња Гавриловиќ и неговата партнерка Едит Дима трагично го загубија животот во вооружен напад во центарот на Шербрук, град во канадската провинција Квебек. Веста првично ја објави угледниот канадски медиум La Tribune, а подоцна беше потврдена и од страна на локалните власти.
Според информациите, полициските служби на Квебек во моментов спроведуваат интензивна истрага, при што се собираат докази, се прегледуваат снимки од безбедносни камери и се разговара со можни сведоци. Засега не се разгледува можноста за фемицид или семејно насилство како потенцијален мотив за злосторството.
„Истрагата е во тек. Нашите екипи се на терен и работат на прибирање на сите релевантни информации кои би можеле да помогнат во расветлување на случајот“, изјави портпаролот на полицијата на провинцијата Квебек.
Истрагата е преземена од страна на државната истражна служба на Квебек.
Страхиња Гавриловиќ имаше забележителна кариера во светот на мешаните боречки вештини (ММА), со вкупно 14 професионални борби – осум победи и шест порази. Последен пат настапи во 2022 година.


