ТОТЕНХЕМ ОСТАНУВА БЕЗ КАПИТЕНОТ Сон Хјонг-Мин заминува од Лондон

По повеќенеделните шпекулации за неговата иднина, Сон официјално го соопшти своето заминување на прес-конференција одржана за време на азиската турнеја на Тотенхем.
„Дојдов во Тотенхем како момче од 23 години, без да го зборувам англискиот јазик, а си заминувам како возрасен човек исполнет со гордост. Ова беше една од најтешките одлуки во мојот живот. Одлучив дека е вистински момент ова лето да започнам ново поглавје“, изјави Сон.
Јужнокорејскиот фудбалер несомнено е една од најголемите легенди во историјата на клубот, со импресивна статистика од 454 одиграни натпревари, 174 голови и 101 асистенција.
Според информациите од медиумите, Сон одбил богати понуди од клубови од Саудиска Арабија, како и можноста да се приклучи на Жозе Мурињо во Фенербахче. Негова следна дестинација ќе биде Лос Анџелес, каде се очекува да го комплетира трансферот веќе наредната недела.


