ТИНЕЈЏЕРИ АГРЕСИВНИ КОН ПОЛИЦИЈАТА Приведени шест лица во Карпош
По целосно расветлување и документирање на случајот, против сите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: Принтскрин
Рано утринава, околу 03:50 часот, на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје привеле шест тинејџери поради нарушување на јавниот ред и мир со агресивно однесување. Според полицискиот билтен, дел од приведените покажале агресија и кон полициските службеници.
Приведени се лицата Ѓ.С. (18), Т.Д. (19), Л.Т. (19), М.У. (19), О.М.Р. (19) и Ј.К. (19), сите од Скопје. Особено агресивни кон полицијата биле Т.Д. и М.У., кои се однесувале непримерно додека полициските службеници ги вршеле своите службени должности.
По целосно расветлување и документирање на случајот, против сите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
CATEGORIES Македонија


