ТИНЕЈЏЕР СО ПРСКАЛКА ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР ВО СВЕТИ НИКОЛЕ – Зафатено државно земјиште, нема повредени

Седумнаесетгодишно момче од Свети Николе предизвикал пожар на државно земјиште откако запалил прскалка за време на роденденска забава, соопшти СВР Штип.
Настанот се случил синоќа околу 22:20 часот на балкон од стан во Свети Николе, каде тинејџерот запалил прскалка, по што искрите предизвикале пожар кој се проширил на сува трева на блиското државно земјиште.
Пожарот е навремено локализиран од Територијалната противпожарна единица на Свети Николе. Повредени лица нема, но случајот е пријавен во полиција и за него е известен јавен обвинител.
Од страна на надлежните органи се преземаат мерки за целосно расчистување и утврдување на околностите под кои дошло до пожарот.
CATEGORIES Македонија


