ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР – Муцунски и честита на новата бугарска министерка за надворешни работи
Договорена организација на билатерална средба во наредниот период

Фото: Принтскрин
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со новоименуваната бугарска министерка за надворешни работи, Надежда Нејнски.
Муцунски ѝ упати искрени честитки по повод именувањето и ѝ посака успешна работа на новата функција.
Во текот на разговорот, министерот нагласи дека односите меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка.
Исто така, беше иницирана и организација на билатерална средба меѓу двајцата министри, која се очекува да се реализира во наредниот период.
CATEGORIES Македонија


