ТЕЛЕФОНСКА ДИПЛОМАТИЈА Путин и Трамп разговараа за иранско-израелската војна
Телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери се одржал во контекст на зголемената тензија на Блискиот Исток, но и во сенка на разговорите меѓу Русија и Украина, кои се одржаа на 2 јуни во Истанбул.

Рускиот претседател Владимир Путин остварил итен телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, информирајќи го за последните случувања на Блискиот Исток, вклучувајќи ги разговорите што ги имал со лидерите на Израел и Иран.
Според Кремљ, Путин ја пренел својата загриженост за влошената безбедносна ситуација во регионот и потенцирал дека Русија е во постојан контакт со засегнатите страни. Трамп, од своја страна, ја оцени состојбата како „многу загрижувачка“.
Телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери се одржал во контекст на зголемената тензија на Блискиот Исток, но и во сенка на разговорите меѓу Русија и Украина, кои се одржаа на 2 јуни во Истанбул. Една од темите била и спроведувањето на договорот за размена на тела на загинатите војници и затвореници.
Претседателот Путин изјавил дека Москва останува отворена за продолжување на преговорите со Киев и нагласил дека дипломатскиот дијалог е неопходен за стабилизирање на состојбата на терен.


