ТЕЛЕФОНСКА АНКЕТА ПРЕДИЗВИКА РЕАКЦИИ Лажни или вистински резултати

Мицкоски ужива петпати поголема доверба од Филипче, 27% наспроти 5%“

ТЕЛЕФОНСКА АНКЕТА ПРЕДИЗВИКА РЕАКЦИИ Лажни или вистински резултати
Фото: Национал

Според најновата анкета на Институтот за политички истражувања (ИПИС), премиерот Христијан Мицкоски ужива петпати поголема доверба кај граѓаните отколку лидерот на опозицијата Венко Филипче. Рејтингот на Мицкоски е 27% додека кај Филипче изнесува 5%.

Телефонската анкета била спроведена на 1.114 испитаници во рок од три дена. Таа покажува дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ со 26% наспроти 9,6% на СДСМ има 2,5 пати поголем рејтинг.

Опозициската СДСМ остро реагираше, нарекувајќи го истражувањето „чист пропаганден потег“ на власта и не реален одраз на јавното мислење. Социјалдемократите велат дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ја прикрие намалената доверба во Владата и да подготви терен за предвремени парламентарни избори напролет.

Од СДСМ додаваат дека владејачката партија брза со избори во март или април, по примерот на Србија и Унгарија, пред да се открие „вистината за мигрантите во јуни“.

CATEGORIES
TAGS
Share This