ТАЖНА ВЕСТ – Почина проф. д-р Трајан Бендевски

Правниот факултет „Јустинијан Први“ се збогува со редовниот професор во пензија, автор на бројни научни и стручни трудови

ТАЖНА ВЕСТ – Почина проф. д-р Трајан Бендевски
Фото: Правен факултет

Правниот факултет „Јустинијан Први“ соопшти дека денеска почина Трајан Бендевски (1937-2025), редовен професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  во Скопје

„Со смртта на проф.д-р Трајан Бендевски, загубивме драг и почитуван колега, автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач и одличен педагог. Ќе останат во вечно сеќавање неговиот богат творечки опус, професионализмот и посветеноста карактеристични за неговата работа и хуманиот однос кон студентите и колективот“ – се вели во соопштението на Правниот фракултет „Јустинијан Први“.

Професор Бендевски е роден во 1937 година во с. Ѓавато, Битолско. Основно и средно училиште завршил во Битола. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1962 година а на истиот факултет магистрирал во 1973 година и докторирал  во 1985 година. Предавал Меѓународно приватно право на Правниот факултет во Битола (1984–1994) и Меѓународно приватно право и Право на ЕУ на Правниот факултет во Скопје (1994-2003) и на ФОН во Скопје (од 2003). Бил генерален секретар на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје и декан на Правниот факултет во Битола (1986-1988). Бил арбитер во Постојаниот избран суд (Арбитража) при Стопанската комора на РМ од 1993 и во меѓународни трговски арбитражи. Автор е на над 60 научни и стручни трудови од областа на меѓународното приватно право и правото на ЕУ.

Посмртните останки на проф.д-р Трајан Бендевски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 11.11.2025 година (вторник) од 12,30-13,30 часот.

CATEGORIES
Share This