ТАНЕЦ СО „ИЗВОРНИ МИНИЈАТУРИ“ ВО НОБ Уникатно сценско патување низ македонските традиции
Националниот ансамбл „Танец“ најавува концерт „Изворни минијатури“ на 22 ноември во 19:30 часот во Националната опера и балет.

Националниот ансамбл „Танец“ најавува концерт „Изворни минијатури“ на 22 ноември во 19:30 часот во Националната опера и балет. Настанот нуди уникатно сценско патување низ македонските традиции со автентични ора и песни изведени во нивната изворна форма.
Публиката ќе ужива во машки, женски и мешани ора, придружени од врвни играорци и музичари на традиционални инструменти. Проектот е веќе препознаен по својот квалитет и популарност низ државата.
CATEGORIES Култура


