ТАБЕЛАТА СЕ СТЕГА – Македонија по победата против Белгија
Македонките се реваншираа за тесниот пораз од Белгија од пред три дена.

Фото: Принтскрин
Македонската женска ракометна репрезентација вечерва во Куманово ја совлада Белгија со 33:28 во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Со оваа победа, Македонките се реваншираа за поразот од Белгија од пред три дена (24:25).
Голманката Андреа Илиќ беше клучна со 12 одбрани, додека Марија Јанкуловска постигна осум голови. По шест погодоци забележаа Стефановска, Кирпијановска и Ива Младеновска.
На табелата води Германија со 6 бода, Словенија има 4, а Македонија и Белгија по 2 бода.
CATEGORIES Ракомет


