СВАДБА НА ГОДИНАТА Џеф Безос и Лорен Санчез ќе се венчаат во Венеција, градот подготвен – и вознемирен

Свадбата на Безос и Санчез ќе остане во фокусот на светската јавност – и како симбол на раскош, и како потсетник на тензиите меѓу локалните заедници и глобалниот гламур.

СВАДБА НА ГОДИНАТА Џеф Безос и Лорен Санчез ќе се венчаат во Венеција, градот подготвен – и вознемирен

На 27 јуни, милијардерот и основач на Amazon, Џеф Безос, и неговата партнерка Лорен Санчез ќе стапат во брак на островот Сан Џорџо во Венеција, во величествена бенедиктинска црква од 16 век, на церемонија која медиумите веќе ја нарекуваат „свадба на годината“.

Списокот на гости блеска со ѕвезди – Опра Винфри, Орландо Блум, Ева Лонгорија, Ким Кардашијан, Крис Џенер, Барбара Стрејсенд, како и Иванка Трамп со семејството, кои веќе пристигнаа во Венеција.

Освен самата венчавка, се планираат уште два луксузни настана: Свечена вечера на 26 јуни, најверојатно во „Chiostro della Madonna dell’Orto“ и голема забава на 28 јуни на тајна локација.

Организаторите ангажирале 60 водни таксија и приватни возила за превоз на гостите, а дел од гондолите во Венеција се ставени вон употреба. Гостите ќе бидат сместени во најексклузивните хотели, како „Аман“ (ноќевање над 2.700 долари) и „Чипријани“ (над 2.000 долари од ноќ).

Но, додека раскошот достигнува врв, дел од жителите на Венеција протестираат против приватизацијата на јавниот простор. Демонстранти најавуваат директни акции, вклучително и скокање во каналите и блокирање на улици, како реакција на тоа што нивниот град повторно станува ексклузивна сцена за елитата.

CATEGORIES
Share This