СУДОТ ПРЕСУДИ ДЕКА ИЛОН МАСК ЛАЖЕЛ – Потенцијална штета до 2,6 милијарди долари

Порота во Калифорнија го осуди Маск за заблуда на акционерите

СУДОТ ПРЕСУДИ ДЕКА ИЛОН МАСК ЛАЖЕЛ –  Потенцијална штета до 2,6 милијарди долари
Фото: Принтскрин

Порота во Калифорнија пресуди дека Илон Маск ги измамил акционерите на Твитер за време на подготовките за купувањето на компанијата, вредна 44 милијарди долари, известуваат американските медиуми.

Адвокатите наведуваат дека вкупната штета може да достигне до 2,6 милијарди долари, според извештаите на Си-Ен-Би-Си.

Групната тужба „Пампена против Маск“ беше поднесена во октомври 2022 година, по завршувањето на купувањето на Твитер за 54,20 долари по акција.

Подоцна, Маск ја преименува компанијата во X, а потоа ја спои со својата компанија за вештачка интелигенција xAI и со SpaceX.

CATEGORIES
Share This