СУДОТ ГО ОДОБРИ ОБВИНИТЕЛНИОТ АКТ ЗА ОНКОЛОГИЈА Следува судска постапка

Случајот „Онкологија“ го привлече вниманието на јавноста поради сериозните обвинувања за злоупотреби во здравствениот систем, и ова судско рочиште се очекува да донесе правна разрешница по една од најзначајните здравствени истраги во земјата.

СУДОТ ГО ОДОБРИ ОБВИНИТЕЛНИОТ АКТ ЗА ОНКОЛОГИЈА Следува судска постапка
Фото: Национал

Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје го одби приговорот на одбраната за случајот „Онкологија“ и го одобри обвинителниот акт во целост, информираат од Судот. Со оваа одлука се создава правна основа за понатамошно судско постапување.

„По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично-правен предмет со број К.бр. 1069/25, кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на судија. Терминот за главната расправа ќе биде објавен на календарот за судења на веб-страницата на судот,“ соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

На заедничка прес-конференција одржана на 22 мај, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и предметната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска најавија дека истрагата за случајот е завршена, а до Судот се поднесени две обвиненија.

Обвинителката Јакимовска прецизираше дека предметот е поделен на два дела: едниот се однесува на економското работење на Клиниката за онкологија, каде обвинети се тогашниот директор и организацискиот директор, додека вториот дел го опфаќа третманот на пациентите, во кој се обвинети четворица онколози.

Случајот „Онкологија“ го привлече вниманието на јавноста поради сериозните обвинувања за злоупотреби во здравствениот систем, и ова судско рочиште се очекува да донесе правна разрешница по една од најзначајните здравствени истраги во земјата.

CATEGORIES
Share This