СУДБИНАТА НА МЕРКО ВО РАЦЕТЕ НА СУДИЈАТА Утре пресуда за спорните директори

Паралелно со овој случај, во завршна фаза се и другите постапки против Мерко за училиштата „Браќа Миладиновци“ и училиштето во Велешта, каде што се инволвирани и други обвинети. Тие, покрај за несовесно работење, се товарат и за фалсификување исправи.

СУДБИНАТА НА МЕРКО ВО РАЦЕТЕ НА СУДИЈАТА Утре пресуда за спорните директори
Фото: Принтскрин/Јутуб

Денеска во Основниот суд во Струга се одржаа завршните зборови во судскиот процес против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој се товари за незаконско именување директори на основните училишта во Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Пресудата ќе биде објавена утре, 20 јуни, во 12:30 часот, соопшти судијата Јордан Јованов.

Обвинителството го обвинува Мерко за несовесно работење во службата. Според завршниот збор на обвинителката, Мерко, како градоначалник, во повеќе наврати именувал директори спротивно на законските прописи – без објавување јавен оглас, со назначување лица што не ги исполнувале законските услови, како и без почитување на законскиот рок за избор на вршители на должност.

Обвинителството тврди дека ваквото постапување предизвикало и финансиска штета на училиштата.

Одбраната, предводена од адвокатот Игор Петковски, побара ослободителна пресуда. Тој истакна дека Обвинителството не докажало постоење на кривично дело, ниту намера на Мерко да предизвика штета или да оствари корист. Според него, целта на постапките на Мерко била овозможување непречено функционирање на училиштата. Дополнително, како што нагласи Петковски, нема докази за конкретен оштетен субјект, а Државниот просветен инспекторат сѐ уште не донел конечен извештај за евентуални неправилности.

Паралелно со овој случај, во завршна фаза се и другите постапки против Мерко за училиштата „Браќа Миладиновци“ и училиштето во Велешта, каде што се инволвирани и други обвинети. Тие, покрај за несовесно работење, се товарат и за фалсификување исправи.

Да потсетиме, Мерко претходно доби ослободителна пресуда во случајот за набавка на службеното возило „Ауди А6“, каде што судот утврди дека нема докази за злоупотреба на службената положба.

CATEGORIES
Share This