СТУДЕН БРАН ВЕЧЕРВА Минусни температури ја зафатија Македонија
Студена воздушна маса од север донесе пониски температури, засилен северен ветер и први снегови на планините

Фото: Принтскрин
Македонија е под влијание на студена и релативно сува воздушна маса која продира од север, што условува пониски температури и засилен северен ветер на одредени места.
Според мерењата на УХМР, минусни температури вечерва веќе се регистрирани на скијачките центри и повисоките планински места.
Утрешното време ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во утринските часови локално ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
До вторник времето ќе биде претежно облачно и суво, додека во среда се очекуваат врнежи од дожд, особено пообилни во западните делови на земјата.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест

