СТРУШКИ РАКОМЕТЕН ТУРНИР Познати македонските учесници
Струшкиот ракометен турнир ќе се одржи од 13 до 16 август.

Познати се македонските учесници на 53. издание на Струшкиот ракометен турнир, кој ќе се одржи кон средината на август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Охридското езеро.
За разлика од минатите години, годинава нема да настапат трите најдобри екипи од Суперлигата – Еурофарм Пелистер, Вардар 1961 и Алкалоид, кои не покажаа интерес за учество. Организаторите испратија покани до други два македонски клубови.
Покрај домаќинот Струга, на турнирот ќе играат новиот Охрид, предводен од Борис Ројевиќ, и Тиквеш. Охриѓани на овој турнир првпат ќе се претстават по формирањето на супер-компетитивниот тим за сезоната 2025/26. Преостанатите три екипи ќе бидат странски тимови, чии имиња организаторот наскоро ќе ги објави. Исто така, се очекува објава на составот на групите и распоредот на натпреварите.
Струшкиот ракометен турнир ќе се одржи од 13 до 16 август.


