СТРАШНА СЦЕНА ВО ВОЗДУХОТ Се појави снимка од падот на рускиот авион
На снимката која кружи на платформата Икс, се гледа моментот на ударот и експлозијата што следи, што дополнително го потресе руското и меѓународното јавно мислење.

На социјалните мрежи се појави шокантна снимка од моментот на падот на рускиот противпожарен авион Ан-24, кој претходно исчезна од радарите, а подоцна беше пронајден во Амурската област.
Според првичните информации објавени од руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на податоци од Службата за вонредни ситуации, сите патници во авионот трагично загинале.
Министерството за вонредни ситуации на Русија потврди дека трупот на авионот бил пронајден запален, а до откритието дошло благодарение на хеликоптер Ми-8 на Федералната агенција за воздушен транспорт, кој ја надлетувал областа во рамки на потрагата.
На снимката која кружи на платформата Икс, се гледа моментот на ударот и експлозијата што следи, што дополнително го потресе руското и меѓународното јавно мислење.
Истражните и спасувачките екипи се на терен и продолжуваат со расчистување и идентификација на телата.


