СТОП ЗА ЦЕМЕНТАРА – Протестен марш утре во Скопје, блокада на сообраќајот

Трасата минува низ бул. „Илинден“, ул. „Васил Главинов“ и ул. „11-ти Октомври“

СТОП ЗА ЦЕМЕНТАРА – Протестен марш утре во Скопје, блокада на сообраќајот
Фото: Принтскрин

Утре, 31 јануари 2026 година, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“.

Маршот ќе се движи по следната траса, односно ќе започне пред Владата на РСМ на булевар „Илинден“, потоа десно по булевар „ВМРО“, продолжува по улица „Васил Главинов“, лево по улица „Димитрие Чуповски“, продолжува по улица „11-ти Октомври“ до Собрание на РСМ и лево по улица „Филип 2-ри Македонски“ до Министерството за животна средина.

Поради протестот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги следат инструкциите на полициските службеници за безбедно движење.

CATEGORIES
Share This