СТЕФЧЕ ЈАКИМОВСКИ ТРИ НЕДЕЛИ БИЛ ВО БОЛНИЦА Па повторно вратен во затвор
Иако претходно укажуваше на нарушена здравствена состојба, во јавноста се создаде впечаток дека се обидува да ја избегне затворската казна.

Стефе Јакимовски поминал три недели во болница, од 5 до 256 август, по што повторно е вратен на издржување на затворската казна.
Случајот отвора прашања и за начинот на кој во јавноста беше претставувана неговата здравствена состојба пред да замине во затвор. Јакимовски и претходно укажуваше дека има нарушено здравје и дека постои медицинска причина поради која неговото заминување во затвор треба да биде преиспитано.
Сепак, наместо неговите наводи да бидат разгледувани пред сè низ призмата на медицинската документација и проценката на лекарите, во јавноста се создаде негативна слика дека станува збор за човек кој се обидува да ја избегне затворската казна.
Сега, откако поминал три недели во болница, а потоа повторно е вратен во затвор, останува дилемата дали неговите претходни укажувања за нарушената здравствена состојба биле неоправдано минимизирани или претставувани како изговор.
Случајот повторно го наметнува прашањето колку лесно јавноста носи заклучоци пред да бидат познати сите медицински факти и особено кога станува збор за лице кое треба да издржува затворска казна, но истовремено има здравствени проблеми.
Наместо однапред да се создава впечаток дека некој „глуми болест“ за да ја избегне казната, последниот збор треба да го имаат медицинските наоди и надлежните институции.
Јакимовски е правосилно осуден на една година затвор за незаконската изградба на општинската зграда во Карпош. Во изречената казна ќе му бидат пресметани и петте месеци што ги помина во куќен притвор.
СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ ЗАД РЕШЕТКИ Шест ипол месеци затвор по пресудата што ја крена јавноста

