СТАРМЕР: НАШАТА БЕЗБЕДНОСТ ПОЧНУВА ВО УКРАИНА, Коалицијата подготвена за целосна поддршка и со трупи

Според него, овие планови се доволно развиени за да бидат активирани веднаш.

СТАРМЕР: НАШАТА БЕЗБЕДНОСТ ПОЧНУВА ВО УКРАИНА, Коалицијата подготвена за целосна поддршка и со трупи

Британскиот премиер Стармер изјави дека Коалицијата има целосно подготвени воени планови за поддршка на Украина – преку воздух, море и копно, вклучително и можноста за распоредување трупи на терен. Според него, овие планови се доволно развиени за да бидат активирани веднаш.

„Би било грешка да се чека прекин на огнот за да започне планирањето. Командната структура веќе е поставена,“ изјави Стармер, нагласувајќи дека примарен приоритет останува постигнување безусловен прекин на огнот и отворање преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Стармер додаде дека санкциите остануваат важна алатка за вршење притисок врз Москва, со цел да се спречи повторно нарушување на евентуалното примирје.

„Нашата безбедност почнува во Украина,“ рече британскиот премиер, нагласувајќи дека Западот мора да биде подготвен за секоја опција во поддршката на Киев.

CATEGORIES
Share This