СТАРИ 6.000 ГОДИНИ А ТРАМП СЕ ЗАКАНУВА – Иран одговори жестоко

Иран ја потсети Америка дека нивната цивилизација постои илјадници години пред САД.

СТАРИ 6.000 ГОДИНИ А ТРАМП СЕ ЗАКАНУВА – Иран одговори жестоко
Фото: Принтскрин

Командантот на Воздухопловните сили на Револуционерната гарда, Маџид Мусави, реагираше на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп и секретарот за одбрана, Пит Хегсет, дека ќе го вратат Иран „во камено доба“.

„Нашата цивилизација е стара 6.000 години, а вашата?“ – напиша Мусави.

Тој додава дека Америка се заканува на народ и култура која постои илјадници години:

„Вие сте тие што ги испраќате вашите војници во гробови, а не Иран. Холивудските илузии го отруја вашето размислување, и со само 250 години историја се заканувате на цивилизација стара над 6.000 години.“

За потсетување, заканите на Трамп беа упатени од Белата куќа, додека Пит Хегсет ги повтори на својот профил на мрежата X.

Трамп рече дека САД наскоро ќе ги остварат своите воени цели:

„Ќе ги удриме исклучително силно во следните две до три недели. Ќе ги вратиме во камено доба, каде што им е местото.“

Тој додаде дека, за разлика од минатите војни како што беа Првата и Втората светска војна, Корејската, Виетнамската и Ирачката војна,  оваа операција ќе биде завршена многу побрзо.

CATEGORIES
Share This