СТАНБЕНИ ЦЕНИ – Во Скопје се продаде најскап стан за 3.000 евра/м ама во Белград за 10.000 евра/м²
Гаражите во Белград се поскапи од некои скопски станови

Цените на недвижностите во Србија во првата половина од 2025 година достигнаа рекордни износи, покажуваат податоците на Републичкиот геодетски завод. Најскапиот стан се продал за 9.805 евра/м² во „Белград на вода“, а гаражно место во „Савски венац“ чинело 66.000 евра.
Најскапата куќа достигнала 3,8 милиони евра, најскапото земјоделско земјиште 1,2 милиони евра, а најскапиот деловен простор во Крагуевац – 2,4 милиони евра. Во „Белград на вода“ е забележана и најголемата трансакција: стан за 1,8 милиони евра.
Економистот Ервин Пашановиќ објаснува дека пазарот функционира како „есенцијално слободен“ – цените се формираат според понудата и побарувачката. Растот во последните 12 години и високата ликвидност го одржуваат пазарот активен, а кредитите за купувачи достигнале 36%, најмногу во последните 45 години.
Пашановиќ истакнува дека недвижностите се сметаат за сигурна инвестиција, а 98% од купувачите се домашни граѓани. Србија е меѓу европските лидери по имотен удел кај населението, што ја прави ситуацијата специфична и различна од западните земји каде мнозинството живее под кирија.

