ССМ ПРЕСЕЧЕ – Протест на 28 јануари
Прагот на сиромаштија е 31.200 денари, потребни се реални зголемувања, а не симболични 25 евра

Претседателот на Советот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, соопшти дека синдикатот ќе организира протест на 28 јануари. Трендафилов повика работниците да се приклучат на протестот против газдите, директори и власти кои ветиле зголемување на плати, но не ги исполниле ветувањата до крајот на 2025 година.
Тој истакна дека праг на сиромаштија е 31.200 денари и дека потребни се значителни зголемувања на платите, а не симболични 25 евра како што најавуваат функционерите.
Трендафилов предупреди дека пасивноста ја поддржува политиката на ниски плати и тежок живот на работниците. Тој најави дека протестот е само првиот чекор, а во наредниот период се очекуваат дополнителни протести и блокади, генерален штрајк во јавниот сектор, собирање на 10.000 потписи за да станат овластен предлагач на закони и предлог за намалување на платите на функционерите за 78% и зголемување на минималната плата на 600 евра

