СРЕДБА НА СЛАВЕСКИ И АМБАСАДОРКАТА НА ЈАПОНИЈА КАВАХАРА СЕЦУКО – Потенцијал за продлабочување на економската соработка

На средбата се разговараше за актуелните глобални економски движења и за предизвиците со кои се соочуваат централните банки во услови на зголемена неизвесност.

СРЕДБА НА СЛАВЕСКИ И АМБАСАДОРКАТА НА ЈАПОНИЈА КАВАХАРА СЕЦУКО – Потенцијал за продлабочување на економската соработка

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се сретна со амбасадорката на Јапонија, Кавахара Сецуко. На средбата се разговараше за глобалните економски движења и предизвиците пред централните банки, како и за можностите за унапредување на билатералната соработка.

Акцент беше ставен на дигитализацијата во финансискиот сектор, финансиската вклученост и развојот на човечките ресурси. Двете страни ја истакнаа подготвеноста за размена на искуства и знаења, со цел зајакнување на економските односи меѓу Северна Македонија и Јапонија.

CATEGORIES
Share This