СРЕБРОТО РУШИ РЕКОРДИ Раст од 21% од почетокот на годината
Од почетокот на 2024 година, вредноста на среброто е зголемена за околу 21 процент, јавува CNN. Анализите укажуваат дека пазарните движења се поттикнати од зголемената побарувачка и недостигот во понудата.

Цената на среброто денес достигна највисоко ниво во изминатите 13 години, што дополнително го зацврстува статусот на овој благороден метал како безбедно засолниште за капитал во време на пазарна нестабилност.
Според податоците од берзата Comex, јулските фјучерси за сребро се искачија за речиси четири проценти, достигнувајќи 36,02 долари за унца. Во текот на денот, среброто се тргуваше по цена од 35,96 долари за унца.
Од почетокот на 2024 година, вредноста на среброто е зголемена за околу 21 процент, јавува CNN. Анализите укажуваат дека пазарните движења се поттикнати од зголемената побарувачка и недостигот во понудата.
Според извештајот на Институтот за сребро, глобалната понуда на овој метал во 2024 година била за 15 проценти пониска од побарувачката, а ваквиот тренд се очекува да продолжи и понатаму, со што пазарот ќе остане во дефицит.
И покрај силниот раст, среброто сè уште заостанува зад златото, чија цена бележи пораст од околу 25 проценти од почетокот на годинава, достигнувајќи околу 3.400 долари за унца, пренесува Политика.


