СРАМНА ОДЛУКА – Уставниот суд ги лиши професионалните војници од правото на протест
Од синдикатот најавуваат дека правдата ќе ја бараат пред Европскиот суд за човекови права.

Во соопштението кое го објавуваме интегрално се вели:
На 22.10.2025 година Уставниот суд на 22 седница го отфрли Барањето за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот согласно член 110 алинеја 3 од Уставот кои се однесуваат на забрана од дискриминација по основ од работен статус,заштита на правото на слободно изразување,правото на мирно собирање и изразување на јавен протест.
Од 2010 година во Договорите за работа на определено време на професионалните војници од страна на Министерството за одбрана беше додаден нов став во член 2 од договорот во кој се вели:
“Професионалните војници секое изразување на незадоволство во форма на протест, лични јавни истапи преку кои се нарушува угледот на Армијата на РС Македонија, како и на други форми што се спротивни со закон и одредбите на овој доброволно потпишан договор , се смета за повреда на законот и овој договор и е основ за негово раскинување од страна на Министерството за одбрана”.
Оваа уценувачка одредба е ставена во договорите на професионалните војници после масовните протести од 2008 и 2009 година кога професионалните војници бараа права пред Собранието и Владата на РСМ .
Со ваква уенувачка одредба Министерството за одбрана цели 15 години дискриминира илјадници професионални војници кои за достоинствена работа и за парче леб за своето семејство се приморани да молчат и да неможат да го изразат незадоволството против Министерството за одбрана за катастрофалниот и игнорантен однос на Работодавецот за правата на професионалните војници, за лошите работни услови, малите плати и за нетрансформирање на работниот однос на неопределено време за кое се утврди индиректна дискриминација од страна на КСЗД , но министерството за одбрана повторно ги игнорира препораките на КСЗД, барањата на професионалните војници и на синдикатот.
Оваа скандалозна и срамна одлука е само втора во низата одлуки кои уставниот суд ги отфрла. Со ваквата одлука Уставниот суд не ги смета професионалните војници за граѓани на Република Македонија, тие кои се столб на безбедноста и треба да се најпочитувани и ценети за нивната пожртвуваност и ангажираност за државата, Уставниот суд ги стави професионалните војници на најниско ниво, недостојни и без право на јавен протест за изразување на незадоволство.
Уште еднаш Уставниот суд потврди дека работи под влијание и на штета на граѓаните на Република Македонија , непочитувајќи ги основните надлежности на Уставниот суд ,а тоа е Заштита на слободата и правата на граѓанинот. За жал во овој период сме сведоци на се поскандалозни одлуки на уставниот суд кој со ваква срамна одлука за отфрлање на барањето за заштита на правата на граѓанинот докажа дека ја изгуби довербата од граѓаните како највисок судски орган во државата.
Правдата ќе ја бараме пред Европскиот суд за човекови права.
Со почит,
Претседател на НСПВ СО
Александар Насковски


