СПОМЕНОТ НЕ ЗГАСНУВА – 76 години подоцна Катлановска бања сведок на историјата за Македонците од Егејот

За време на Втората светска војна, во болницата во Катлановска бања биле згрижувани и лекувани ранетите борци на ДАГ. Денес таму се чуваат коските на повеќе од 1.400 загинати и починати борци.

СПОМЕНОТ НЕ ЗГАСНУВА – 76 години подоцна Катлановска бања сведок на историјата за Македонците од Егејот
Фото: Принтскрин

На 27 септември (сабота) со почеток во 10:30 часот, здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на загинатите и починатите борци во Катланово, во месноста Катлановска бања.

За време на Втората светска војна, во болницата во Катлановска бања биле згрижувани и лекувани ранетите борци на ДАГ. Денес таму се чуваат коските на повеќе од 1.400 загинати и починати борци.

„Оваа година се навршуваат 76 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција, кога во воениот виор десетици илјади Македонци  околу 28.000 деца и околу 40.000 возрасни беа принудени да ги напуштат своите домови во Егејскиот дел на Македонија и да се раселат низ целиот свет. Некои судбината ги врати во татковината, други останаа распрснати насекаде. Колку и да се кажат зборови за тагата, болката и незаборавот – тие никогаш не се доволни“ – вели Евгенија Николовска од Организацискиот одбор и претседателка на Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци Т*га за југ.

По чинот на положување на цвеќе, ќе се одржи пригодна културно-уметничка програма со песни посветени на Егејот во изведба на Дарко Билбиловски, Виданка Ѓоргиевска, Дарко Ангеловски, Ани Малинкова, Ристо Краповски, Нацка Славкова, Раде Младеновски, Серафина Фантаузо и Нина Николовска. Најмладите учесници ќе рецитираат сопствени творби посветени на животните судбини на нивните баби и дедовци.

CATEGORIES
TAGS
Share This