СОВРЕМЕНА И ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА – Салата „Работнички“ се обновува целосно

Новите трибини и црвено-белиот амбиент го рефлектираат духот на КК „Работнички

СОВРЕМЕНА И ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА – Салата „Работнички“ се обновува целосно
Фото: Принтскрин

Во салата „Работнички“ во Општина Центар се поставува нов паркет на површина од 700 м². Очекувањата се дека подот ќе биде целосно завршен следната недела. Во меѓувреме, се доинсталираат семафорите, додека осветлувањето и озвучувањето веќе се финализирани.

Салата е целосно енергетски ефикасна и располага со подно греење, современ систем за ладење, греење и проветрување, нови трибини и препознатлив црвено-бел амбиент во боите на КК „Работнички“. Дополнително, се обезбедени соблекувални, простории за судии, медицинска и допинг-контрола, како и инклузивни тоалети со пристапна рампа.

„Ова не е само реконструкција – ова е ново поглавје за „Работнички“ и за спортот во Центар!“ – истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

CATEGORIES
Share This