СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА ПО СУВИ КОЛОВОЗИ – Повеќе патни делници со изменет режим поради градежни работи

Нема подолги задржувања на граничните премини, сообраќајот се одвива непречено

СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА ПО СУВИ КОЛОВОЗИ – Повеќе патни делници со изменет режим поради градежни работи
Фото: Национал

Денеска (22.03) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози – информираат од Автомото сојузот на Македоиија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умрен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сезонски режим на сообраќајот важи на патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица каде од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

Од АМСМ потсетуваат дека работи на пат има на скедните делници:

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

Од 30.12.2025 има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат Р1101.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Виадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај – времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар – Стража во временски период од 6 (шест) месеци.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

CATEGORIES
Share This