СОOБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО – Познати и критичните делници каде демнат одрони

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, без подолги задржувања на граничните премини.

СОOБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО – Познати и критичните делници каде демнат одрони
Фото: Национал

Денеска (20.05) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

Исто така од АСМ известуваат дека на 21.05.2026 (четврток) се воспоставува нормален режим на сообраќај поради завршување на санацијата на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, Плетвар-Прилеп.

CATEGORIES
Share This