СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО – Без задржување на граничните премини
Испитување на мостот на Вардар кај с. Здуње од 09:00 до 12:00 часот

Денекса (13.03.) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
На ден 13.03.2026 година во периодот од 09:00 – 12:00 часот ќе се врши испитување на мостот на река Вардар, кај с. Здуње, на државен пат А2 Гостивар – Кичево. Сообраќајот ќе се одвива согласно воспоставениот времен режим на сообраќај и времени кратки прекини на сообраќајот.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сезонски режим на сообраќајот важи на патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица каде од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.


