СООБРАЌАЈОТ НИЗ ДРЖАВАТА СЕ ОДВИВА НОРМАЛНО Повремени измени поради градежни активности

СООБРАЌАЈОТ НИЗ ДРЖАВАТА СЕ ОДВИВА НОРМАЛНО Повремени измени поради градежни активности

ообраќајот на државните патишта денеска се одвива непречено, со влажни коловози на некои делници, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на движењето е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците низ клисурите, речните долини и котлините, каде постои ризик од појава на одрони. Посебна претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува отворен за сообраќај за возила со маса до 3,5 тони.

Во тек се повеќе градежни зафати на патиштата низ државата, кои условуваат времен режим на сообраќај. На обиколницата околу Скопје, кај подпатникот на државниот пат А2, започна санација на потпорни ѕидови, која ќе трае четири месеци. Сличен режим важи и на делницата Крива Паланка – Страцин, каде во текот на денот сообраќајот се регулира рачно со знаменца, а навечер со семафори.

Поради санација на свлечиште, изменет режим има и на регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост, додека на делницата Гостивар – Стража се одвива наизменично пропуштање на возилата поради санација на мостот Здуње, која ќе трае шест месеци.

Градежни активности се одвиваат и на експресниот пат Градско – Дреново, дел од Коридорот 10д, каде сообраќајот е пренасочен, а поставена е соодветна сигнализација.

Во Битола продолжуваат работите на санацијата на мостот на реката Драгор на улицата „Довеџик“, каде што сообраќајот е пренасочен по привремен премин. Делницата Кичево – село Цер е затворена секој ден од 10 до 16 часот поради асфалтирање, а на патот Желино – Тетово се вршат геодетски снимања со привремени затворања на една коловозна лента.

АМСМ потсетува дека на повеќе делови од автопатот Неготино – Велес се изведува реконструкција на дилатациони спојки, а на правецот Прилеп – Битола сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат преку Лагово и Тополчани, како дел од проектот за изградба на Коридорот 10д.

CATEGORIES
Share This