СООБРАЌАЈОТ НА ГП БЛАЦЕ НОРМАЛИЗИРАН ЗА ПАТНИЧКИТЕ ВОЗИЛА, ограничувања за товарните
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено по суви коловози, со умерен интензитет надвор од урбаните средини. На граничните премини од македонска страна не се бележат подолги задржувања за влез или излез од земјата.

Од 21:50 часот, сообраќајот на граничниот премин Блаце се одвива нормално во двата правци за патнички моторни возила, додека товарните возила со фрижидери (хладњачи) се пропуштаат наизменично. Движењето за товарни возила со церади и понатаму останува забрането, информира АМСМ.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено по суви коловози, со умерен интензитет надвор од урбаните средини. На граничните премини од македонска страна не се бележат подолги задржувања за влез или излез од земјата.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни при возење низ котлините, речните долини и клисурите, поради можноста од одрони – особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


